Боксерите на Куманово на турнир во Србија
05.04.2013 09:55
| KumanovoNews
БК Фајтер-Илири овој викенд ја започнуваат сезоната со турнир во Лесковац, Србија.
На меѓународниот турнир во Лесковац, кумановските боксери ќе ги бранат боите на нашата држава, заедно со повеќе од 50 тина боксери од Црна Гора, Бугарија, Македонија и домаќинот Србија.
На турнирот учество земаат Џемаил Сакиповски, Никола Димитриевски, Ибраим Мустафи, Бујам Османи и капитенот на екипата Николче Митевски.