Болт најавува нов несоборлив рекорд
10.01.2013 12:21
| KumanovoNews
Јамајканецот Усеин Болт, најави дека годинава ќе се обиде да ја спушти границата под 19 секунди на 200 метри.

Еден од моите главни цели е да истрчам 200 метри под 19 секунди, изјави Болт, кој ги држи светските рекорди на 100, 200 и 4х100 метри.
Актуелниот светски рекорд на 200 метри е 19,19 секунди и Болт го постави на Светското првенство во Берлин во 2009 година, каде исто така го собори светскиот рекорд на стотка поставувајќи неверојатно време од 9,58.