Четвртфинале за Федерер во Хамбург
19.07.2013 05:03
| KumanovoNews
Голем ден за фаворитите на АТП Турнирот во Хамбург каде во 1/4 финалето пласман обезбедија Федерер, Фердаско, Делбонис, Монако,Хас, Алмагро и Фоњини.

Федерер го елимминира Јан Хајек во 2 сета и во следната рунда игра против Фердаско кој не го доврши мечот со Јанович бидејќи овој го предаде мечот во вториот сет (7-5/4-0).
Монако со 2-1 го елиминира Паире и негов следен противник е Федерико Делбонис кој славеше над Турсунов со 2-0.
Н. Алмагро во 2 сета славеше против Гарсија-Лопез и ќе игра за полуфинале со Фабио Фоњини.
Во два сета победи и Томи Хас во дуелот со Карлос Берлок.