Давам се од себе, но Новак е чудесен
Во текот на предходните седум години, Рафаел Надал од 201 настап има само 8 изгубено на земја. За само една недела, два пати по ред е поразен од Новак Ѓоковиќ, кој после Рим издвојуваше победа и во Мадрид.
Новак прави чудесни работи. На секој меч е неверојатно цврст физички и ментално. Правам се што можам, давам се од себе. Играм добро, но има еден играч кој игра подобро од мене. Ја чекам следната недела и барам нови решенија - изјави Надал по поразот во Рим.
Тој знае дека еден момент ќе ја искористи својата шанса.
Морам да го сочекам својот момент. Задоволен сум како играв. Не ја удирав лошо топката, но тој секогаш беше во подобра позиција. Бев агресивен, не како минатата недела во Мадрид кога играв дефанзивно - додаде Надал.
Надал не е загрижен што медиумите веќе му ја одзимаат титулата крал на земјата, и веќе се подготвува за следните мечеви.
Не е важно дали луѓето мислат дека се га е полесно да ме победат од порано. Едноставно, еден играч е подобар овој момент. Да се биде шампион не е само да се победува секоја недела, туку да го чекате вистинскиот момент за тоа. Еден тенисер освојува се, јас сум вториот кој не се предава. Неговата серија неможе да трае вечно. Секако му посакувам се најдобро, на мене ми останува да го сочекам својот момент и да го победам следниот пат. Сега пробав со високи топки, тоа беше зошто изгубив во Мадрид и пробував нови работи. Има уште нешто што ќе искористам за следниот пат кога ке се сретнеме - заклучи Надал, и најави нов одличен меч со Новак.