×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска двете екипи на Куманово против Металург: ЖРК во контролен испит, МРК во националниот Куп

    25.02.2021 10:30 | KumanovoNews

    Денеска на терен ќе излезат и двете ракометни екипи на Куманово – Женскиот клуб ќе игра уште еден контролен дуел со екипата на Металург Скопје, а мажите со истата екипа од главниот град ќе одиграат натпревар од првата рунда во Купот на Македонија.

    Денеска двете екипи на Куманово против Металург: ЖРК во контролен испит, МРК во националниот Куп

    Во терминот од 18.30 часот, МРК Куманово гостува кај Металург откако првично беше одлучено средбата да се игра на домашен терен, но во нашиот град нема спортски објект кој ги исполнува условите на ракометната федерација. Машкиот тим моментално е дел од Втората лига и е во „пролетната фаза“ пред плеј-оф средбите кои водат во елитата. Доколку Куманово успее да слави против скопскиот гигант, кој најверојатно ќе излезе во променет состав со играчи од клупата, ќе биде дел од група со други три клубови.

    Еден час подоцна, ЖРК Куманово ќе полага нов контролен испит по ред, по првиот неуспешен на гостински терен – натпреварот заврши со 28:26 за Металург. Ракометарките се во процес на подготовките и одмерување на силите, пред првиот дуел во националниот Куп на 6-ти март со тимот на ЖРК Гевгелија.

    Директен пренос од натпреварот на МРК Куманово и Металург Скопје ќе врши официјалниот Јутјуб канал на Ракометната федерација на Македонија.

    (Д.Д.)