Ѓоковиќ ја пцуеше публиката во Мадрид
08.05.2013 09:01
| KumanovoNews
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ загуби од Григор Димитров во Мадрид, а по поразот тенисерот видно изнервиран и напнат од резултатот ја пцуеше публиката која се сврте против него.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Димитров беше многу интересен. Спорниот момент се случи во вториот сет при резултатот 4:2 за Димитров кога Ѓоковиќ го повреди десниот зглоб и побара лекарска помош, како и десетминутна пауза.
Домашната публика изгледа сметаше дека тој ја симулира повредата за да ја наруши концентрацијата на Димитров по што му упати свирежи кои пак го налутија тенисерот.