Домашното „БИБЛ“ дерби закажано за 27 октомври

13.10.2020 13:36 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово добија нов термин за почеток на „БИБЛ“ лигата, откако во првото коло требаше да го пречекаат тимот на ТФТ од Скопје. Натпреварот е одложен за седум дена.

Домашното „БИБЛ“ дерби закажано за 27 октомври

Причина за тоа е ковид-19, кој е присутен во редовите на ТФТ, па кумановчани ќе играат седум дена подоцна во терминот на второто коло.

Поради присуство на корона вирусот се одложи и домашното првенство кое требаше да започне изминатиот викенд, a нема конкретен датум за негов старт.

Здружението на кошаркарски тренери преку соопштение запраша зошто кошарката има различен третман во однос на другите спортови и се изолира цела екипа при појава на поединечен случај на вирусот, додека за сите останати спортови во течат сезоните и ги изолираат само позитивните случаи.

На тестирањата пред почетокот на сезоната меѓу играчкиот состав и стручниот штаб на КК Куманово немаше ниту еден позитивен случај.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk