Државно друмско првенство во велосипедизам во Куманово
26.06.2014 13:30
| KumanovoNews
Државното друмско првенство на Македонија 2014 во недела ќе се оддржи во Куманово.

Првенството е во организација на клубот “Вело - М“, Општински сојуз на спортови и Велосипедска федерација на Македонија.
Патеката долга 125 километри на релација од општина Старо Нагоричане - Војник - Страцин - Кратово - Шлегово - Пробиштип - Мечкуевци - Свети Николе - Куманово ќе ја возат сениори, јуниори и мастерс велосипедисти.
За кадети и жени патеката е долга 59 км на релација Мечкуевци - Свети Николе - Куманово.
Кандидатите за трките до утре можат да се пријават кај организаторите.