Мени

Фабрегас „шпиунира“ за Барселона

25.05.2011 13:53 | KumanovoNews

Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас се најде во нова улога - советник на тренерот на Барселона Пеп Гвардиола, пред финалето помеѓу прваците на Шпанија и Англија.

Фабрегас „шпиунира“ за Барселона

Фабрегас кој своите први чекори ги направил во фудбалската школа на Барселона, се осудил да на табла нацрта како ќе играат англичаните во финалето на „Вембли“.

Интересно е и тоа што каталонците за привремена база за тренинг во Англија, го избраа Арсеналовиот тренинг центар во Колниј.

Манчестер во финалето против Барселона ќе игра како против нас. Три играчи од средниот ред и три напаѓачи - предвидува Фабрегас.

Тој истакна дека во сабота на терен ги очекува Ван дер Сар, Фабио, Фердинант, Видиќ, Евра - Флечер, Керик, Гигс - Валенсија, Руни, Парк. Сепак смета дека ќе победи неговиот поранешен клуб.

Јунајтед се брани како еж, но напаѓа како авион. Барселона сепак ќе победи со играта од римското финале - заклучи Фабрегас.