Мени

Фалкао и Хулк: Пресуди тимскиот дух

19.05.2011 13:37 | KumanovoNews

Апсолутните херои во фантастичната сеозна за Порто, Фалкао и Хулк, одкако ја освоија Лига Европа изјавија дека за целиот успех е пресуден тимскиот дух.

Фалкао и Хулк: Пресуди тимскиот дух

„Змаевите“, во домашниот шампионат стигнаа до титула без претпен пораз, а успешната година е крунисана со првиот европскиот успех по заминувањето на Жозе Мурињо.

Овојувањето на Лига Европа е брилијантен успех за нас, а за мене е фантастично што го постигнав победничкиот гол. Сепак, овој успех е направен поради напорната работа и единството во екипата. Ние сме многу сложни и тоа не одведе до остварување на целта - изјави Фалкао.

Колумбиецот нагласи дека не брза со промена на средината, и дека сака да продолжи на реди успеси со Порто, а тоа го најави и неговиот соиграч Хулк.

Го заслуживме овој успех. Созреавме низ целата сеозна, бевме единствени и скромни. Победувавме низ многу мечеви, но овој беше неверојатен. Ја испишавме историјата на клубот, сега имам што да му раскажувам на син ми - изјави 24.годишниот Бразилец.