Фергусон: За малку да го предводев Арсенал
Алекс Фергусон со Манчестер Јунајтед 11 пати ја освои Премиер лигата, 5 пати ФА купот, два пати Лигата на шампионите, еднаш Купот на победниците на куповите, и ФИФА клубското првенство, а сето тоа можеби не би се случило доколку тогаш неговиот пријател сакал да му се придружи во Арсенал.
Приказната започнува со Волтер Смит кој во вторникот се прости од навивачите на Глазгов Ренџерс, каде екипата ја предводеше 11 години, а притоа 9 пати бил првак на Шкотска. Но во 1985 година, тој работел како селектор на младинската репрезентација, а Фергусон привремен тренер на А селекцијата.
Тоа беше почеток на 1986 година кога се спремавме за учество на Светското првенство во Мексико. Добив понуда од Арсенал, да го водам нивниот тим наместо да се посветам на селекторската кариера. Сакав да го прифатам тој повик, но сакав и Волтер да оди со мене - започнува Фергусон.
Но пријателот на Фергусон имал други планови.
Мислев дека тој повик ќе го воодушеви. Требаше тогаш да играме меч со Израел. Му реков дека добив понуда од Арсенал и го прашав што мислиш за тоа. Тој рече дека тоа е убаво, тоа е голем клуб, а јас директно го прашав дали ќе сака да му се придружи таму. Тогаш ме шокираше со изјавата дека веќе ја прифатил пораката од Глазгов.
Фергусон можел и сам да оди во Арсенал, но тука имало уште една препрека.
Понудата беше таква да мораше да се одговори веднаш. Неможев да сторам такво нешто, бидејки ме чекаше пат на Светското првенство. Така Арсенал остана на страна, Волтер во Ренџерс, а јас подоцна отидов во Манчестер - додава Фергусон.
За овие 25 години, Фергусон донесе 35 трофеја, а пред него има уште 2. Бод му недостасува за титулата во Премиер лигата, и триум над Барселона за уште еден пехар од лигата на шампионите.