Фудбалските екипи од Речица се подготвуваат за новата сезона
20.08.2019 08:37
| KumanovoNews
Женската екипа на Речица, под водство на тренерот Валентин Стоиловиќ, почна со интензивни подготовки, во пресрет на новата сезона.
„Екипата ќе се обиде да го поправи пласманот и да се искачи некое место погоре на табелата“, - вели тренерот Стоиловиќ.
Првенството на женскиот шампионат се очекува да започне на 25-ти август.
Воедно, машката екипа на Речица откако, претходната година, се пласираше во третата лига, започна со подготовки за повисок ранг на натпреварување. Првичната амбиција на машката екипа во следната сезона е опстанок во лигата, секако доколку има можност и борење за повисок пласман.
Првенството во трета лига, неофицијално, треба да започне на 31-ви август.