Играчите на Барса како Симсонови
13.03.2014 11:47
| KumanovoNews
Одкако играчите на Челси станаа дел од популарната цртана серија, на ред дојдоа и фудбалерите на Барселона.

Нејмар, Иниеста, Чави, Меси и уште шест неименувани фудбалери на Барселона ќе бидат дел од нова епизода која ќе се вика „Не мора да го сакаш судијата“, а во таа епизода Хомер станува судија на Мундијалот во Бразил.
Оваа соработка е дел од прославата на 25.роденден на серијата, и промоција на мундијалот во Бразил.