Исцрпениот Ѓоковиќ во финале со Надал
Денеска во 16:15 започнува финалето помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал во турнирот што се игра во Рим.
Вчера во феноменален и исцпувачки дуел после трочасовна борба, Ѓоковиќ успеја да се пласира во финале, а веќе денеска игра против првопласираниот на АТП листата и кралот на земјата Надал. За скоро една недела повторно се среќаваат двата најдобри тенисери на светот, а во предходните три дуели Ѓоковиќ е поуспешен противник од Надал(Индијан Велс, Мајами и Мадрид).
Сепак пред денешното финале, Новак признава дека е исцрпен и уморен.
Се чувствувам многу исцрпено. Но секако, и задоволно, бидејки победив во фантастичен меч. Противникот беше многу добар. После првиот сет правев грешки, а Мареј сервираше многу подобро. Тој беше подобар последниот час, час и половина, но на крај се смета само победата. Остана уште малку време да уживам во полуфиналната победа, и ќе направам се што е во моја моќ да се опоравам. Никогаш не се знае што носи новиот ден, се надевам дека се ќе биде добро - изјави вчера Ѓоковиќ по мечот.