Јуниорите убедливи против Естонија
25.07.2013 07:32
| KumanovoNews
Македонските јуниори забележаа убедлива победа над Естонија со 63-49, во првиот натпревар од четвртфиналната група, на Европското првенство (Б дивизија), чиj што домаќин е Струмица.

Избраниците на Мирза Куртовиќ имaa контрола врз случувањата на теренот во текот на целиот, доминирaa под обрачите, особено добрo делуваa во одбраната каде го принудија противникот да има дури 28 загубени топки.
Кристијан Николов со 13 поени беше најефикасен во македонскиот тим.
Во петок, јуниорите ќе го одиграа решавачкиот натпревар за пласман во полуфиналето на првенството, противник ќе им биде Холандија.