Карпош Соколи е противник на Куманово во Купот на Македонија
16.12.2014 17:15
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го добија противникот во четвртфиналниот натпревар во рамките на Купот на Македонија. Тие ќе играат против тимот на Карпош Соколи.

Првиот натпревар меѓу овие две екипи ќе се одигра на 17.01.2015, а реванш натпреварот ќе се игра седум дена подоцна.
Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се игра на 21. и 22. февруари, каде што четири екипи ќе се борат за трофејот на оваа натпреварување.