Карпош Соколи - Куманово ќе играат во четврток?
07.04.2015 11:45
| KumanovoNews
Кошаркарската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека дуелот помеѓу Соколи и Куманово е закажан за четврток од 18 часот.

Според оваа објава, Карпош Соколи добиле дозвола за настап во најквалитетното првенство, и ќе поминат без казна за прекршување на рокот за трансформација.
Неофицијално, КК Куманово останува на ставот да не се одигра овој натпревар, а повеќе информации ќе добиеме во текот на денот.