КК Михајловски го пречекуваат Радовиш
29.11.2014 12:10
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Михајловски во недела ја пречекува екипата на Радовиш.
Ова е натпревар кој се игра во рамките на шестото коло од Втората кошаркарска лига.
Гостите од Радовиш до сега имаат одиграно пет натпревари и имаат скор од две победи и три порази што ги сместува на седмата позиција на табелата.
Михајловски беа слободни минатото коло, а во досегашните четири одиграни натпревари забележаа две победи и два пораза.
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала со почеток во 18:30.