КК Михајловски презимуваат четврти на табелата
26.12.2014 13:08
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Михајловски, успеја да триумфира на последниот натпревар оваа сезона на домашен терен, против екипата на Црн Дрим.

Михајловски победија со резултат 76-64, и со тоа ја забележаа третата победа во низа. Според нашите информации, дуелот од овој викенд против Тетекс ТТК ќе биде одкажан, така да есенскиот дел од сезоната е завршен.
Низата од три победи по ред ги изкачија „Михајловски“ на четртата позциија на табелата со пет победи и четири порази, односно освоени 14 бода. Вардар Апаве и Радовиш ја делат втората позиција на табелата со 15 бода а прв е Т-баскет со 17 бода и само еден пораз во досегашното првенство.