Клиперски одржаа протест поради расистичките изјави на нивниот претседател
28.04.2014 09:32
| KumanovoNews
Сопственикот на Лос Анџелес Клиперс, Доналд Стерлинг се најде во центарот на вниманието после расистичките изјави на снимка во која тој разговара со својата поранешна девојка.

Тој и замера што се сликала со Меџик Џонсон, велејки дека не го сака на неговите натпревари, дури и дека не сака да се дружи со луѓе со друга боја на кожата.
Кулминација на овие изјави веројатно е и во постапката на играчите на Клиперс, кои најпрвин буквално ги фрлија своите тренерки, а се загреваа во обратно облечените маици на кои не се види логото на Клиперс.