×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите ќе ја бркаат петтата победа во низа против ФМП

    27.04.2022 09:08 | Стефан Николиќ

    Екипата на Куманово денеска во 18 часот го пречекува тимот на Академија ФМП, против кој ќе се обиде да ја забележи петтата победа во низа. 

    Кошаркарите ќе ја бркаат петтата победа во низа против ФМП Фото: www.balkanleague.net

    Работнички и вториот тим на МЗТ Скопје во првиот дел од сезоната, Кожув и Ангели во плеј-аут се тимовите против кои Куманово ја гради оваа низа победи, а денешниот противник е најголемиот трагичар оваа сезона. Тимот кој беше на третата позиција на табелата не успеја да се пререгистрира во акционерско друштво, и со тоа ја загуби можноста да настапува во Супер-лигата, а со тоа остана и без половина екипа, а тие играчи ги потполнија составите на тимовите кои се пласираа меѓу најдобите шест.

    Ова закаснето будење на кошаркарите сепак овозможи комоција на Куманово од пет победи во однос на последнопласираните МЗТ и Ангели, и шансите тимот да се најде во зоната за испаѓање веќе стануваат само теоретски. 

    Натпрварот ќе се игра во салата на економското училиште.