Кошаркарите лесно и против Романија
18.07.2014 10:46
| KumanovoNews
Кошаркаската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на подготовките во Охрид каде вчера вечер ја совлада репрезентацијата на Романија до резултат 76-56.

Репрезентативците одиграа уште еден прекрасен натпревар со затегната одбрана и убаво постигнати поени каде до израз дојде квалитетот на нашиот тим.
Најефикасен во нашиот состав беше Бојан Трајковски со постигнати 22 поени.
Денеска во 20.30 часот ќе се одигра и последниот натпревар од турнирот против екипата на Грузија.