Мени

Кошаркарите на Куманово шампиони во есенскиот дел на сезоната

28.12.2009 14:32 | KumanovoNews

Кошаркарите на Кумнаново вчера издвојуваа убедлива победа против АБА од Струмица. Со резултат од 97:59, Куманово со победата стана шампион во есенскиот дел од првенството.

Кошаркарите на Куманово шампиони во есенскиот дел на сезоната

Неизвесност имаше само на почетокот на натпреварот, за да потоа на полувреме куманочани да отидат со предност од 50:22. Најефикасни од кумановската екипа беа Марио Стојковски со 26 поени и Кристијан Маневиќ со 20 поени, а од екипата на АБА, Цветков.