Мени

Кошаркарите на Работнички во финале

13.05.2011 19:34 | KumanovoNews

 Работнички е вториот финалист во кошаркарскиот плеј-оф, откако во градското дерби  го совлада МЗТ Скопје со 82:69

 
Кошаркарите на Работнички во финале

Со оваа победа кошаркарите од „Градски парк“ први стигнаа до третата победа која им дава можност да му се спротистават на Фени Индустри во борбата за шампионскиот трофеј.

Работнички ја имаше контролата над резултатот на мајсторката во „Јане Сандански“ во текот на целиот меч и ги доби првите три четвртини па во последниот период влезе со предност од 16 поени разлика што беше доволно за конечен триумф и вкупни 3-2 во победи.

Тони Симиќ со 18, Ефтим Богоев со 14 и Перо Блажевски со 14 поени беа најефикасни во победничката екипа, а кај МЗТ Скопје најпрецизни беа Миљан Пуповиќ со 14 и Кирил Николовски со 10 поени.

Првиот дуел од финалето ќе се одигра в среда или четврток во Кавадарци. Бранителот на титулата Фени Индустри поради подобриот меѓусебен биланс во првенството ќе влезе со предност од 1-0 во победи во серијата која ќе се игра во четири добиени натпревари.