×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите продолжуваат во Плеј-аут лигата

    21.02.2011 01:05 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово го загубија натпреварот против директниот конкурент Лирија, со што не успеваат да ја остварат зацртаната цел - пласман во Супер-лигата.

    Кошаркарите продолжуваат во Плеј-аут лигата

    Во тесен и неизвесен натпревар, Лирија беше екипата која беше имаше подобра завршница и издвојуваше победа од 75:72.

    Највисоко водство прва го забележа Лирија со 12 поени разлика кон крајот на првата четвртина, но Куманово се врати во натпреварот и на полувреме отиде со 8 поени предност. Во третата четвртина повторно е забележан пад во играта на Куманово, која завршува со резултат 56:56.

    5. поени предност кои ги имаше Куманово на 5 минути пред крајот не ја спречија Лирија да се врати во мечот и направи пресврт. На 47 секунди до крајот на натпреварот резултатот повторно е нерешен. Ренерио погодува 2 поени, а по фаулот Аземи е прецизен од линијата за слободни фрлања. Даниел Калов е прецизен од линијата за 3 поени ја намалува разликата на 73:72, но по уште еден фаул Ренерио е прецизен двапати.

    Најефинасни на натпреварот кај победничкиот тим беа Ѓорѓе Јовановиќ и Карлос Морбан со 17 поени, а кај Куманово Микиќ кој ги помина сите 40 минути на паркетот и постигна 19 поени и 13 скока.

    Сега двете екипи имаат ист број на бодови, па креирањето на табелата го креира меѓусебниот дуел. Лирија е на два пати поуспешна од Куманово, па го завзема 6.место и настапот во Супер - лигата. Куманово ќе го продолжи својот настап во Плеј-аут лигата каде ќе се бори за опстанок со екипите на Овче Поле и Ултимејт - Баскет.