Кошаркарско дерби Куманово - АБА Струмица
26.12.2009 15:50
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово есенскиот дел од првенството го завршуваат на домашен терен. Утре ја пречекуваат екипата на АБА Струмица.

Во дербито помеѓу првопласираните кумановци и третопласираните струмичани, ќе се решава кој ќе го дочека вториот дел од сезоната како шампион. Натпреварот почнува во 18 часот во Спортската сала во Куманово.
Ракометарите на Куманово веќе го завршија есенскиот дел од сезоната. Тие се наоѓаат на четвртата позиција, но имаат еден натпревар помалку, кој ќе се одигра пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.