Мени

Критика на Стојаковиќ поради одбраната над Дурант

23.05.2011 14:32 | KumanovoNews

Во вториот натпревар на финалната серија на Западната конференција, Кевин Дурант на воодушевување на навивачите на Оклахома, прекрасно ја заби топката преку Берндан Хејвуд кој имаше што да им замери на своите колеги во редовите на Далас, посебно на Стојаковиќ.

Критика на Стојаковиќ поради одбраната над Дурант

Хејвуд е лут поради тоа што Пеѓа не бил доволно агресивен во таа акција, па дозволил најдобриот играч од Мундобаскетот премногу лесно да го помине, по што следуваше ефектно забивање.

Стојаковиќ веднаш после Дурантовото забивање приде и рече „моја грешка“. Беше доцна за тоа, а во тој момент не ми требаше да чујам такви зборови. Мрдни ги нозете следниот пат - изјави низ смеа Хејвуд.

Тој додаде дека екипата на Далас мора многу да внимава како се извршува ротацијата во одбраната, бидејки некои грешки скапо се плаќаат.

Во никој случај не смеевме да дозволиме Пеѓа да го чува Дурант. Тоа е лошо. Тоа е тактичка грешка на тренерот. Ако Стојаковиќ остане на Дурант, тогаш како тим би морале да се префрлиме на зонска одбрана. Дефинитивно треба да се игра зона во тие моменти - додава Хејвуд.

Сепак, за одбраната на србинот повеќе разбирање има неговиот тренер Рик Карлајл.

Во некои моменти мора да се случи да немаме идеална одбрана за нападот на Оклахома, односно вистинскиот човек на вистинското место. Тоа се случува против таква екипа која има брза транзиција на топката. Сепак, треба да се потсетиме дека Стојаковиќ заврши огромна работа чувајки го Ламар Одом во конференциското полуфинале. Во 48 минути игра против Оклахома, сигурно дека ќе се случи Стојаковиќ да остане на Дурант, тоа е неизбежно - изјави Карлајл.

После споменатиот натпревар, одигран е уште еден во кој Далас победи со 93:87 и поведе со 2-1 во серијата која се игра на четири победи.