×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривопаланечките кошаркарки со значајна победа на домашен терен

    22.01.2022 20:10 | Жаклина Цветковска

    Женскиот сениорски состав на Кошаркарски клуб „Крива Паланка“ денека оствари исклучително важна победа на домашен терен против стружанки од ЖКК „Струга 2009“.

    Кривопаланечките кошаркарки со значајна победа на домашен терен

    Натпреварот заврши со резултат 75-67 во корист на паланчанки, а најдобар играч на мечот беше Марта Вуловиќ , која на центарската позиција со 198 сантиметри постигна 34 поени.

    Од стручниот штаб на Кошаркарски клуб „Крива Паланк“ истакнаа дека оваа победа е многу важна за зацврстување на петтата позиција на Прволигашката табела.

    „Им честитам на одличната игра на нашите девојки кои напорно работеа во полусезоната, во паузата што трае речиси еден месец во којшто со ковид-19 пандемијата се бориме сите, и сепак сме  во добра здравствена состојба, што е за нас најзначајно. Изработивме одлична подготовка за противничкиот тим на изминатите тренинзи,што беспрекорно функционираше на терен, а тоа беше и
    предноста што ја направивме пред гостинскиот тим. Заедно со тимскиот дух и одличната натпреварувачка атмосвера, сите овие работи беа  пресудни за победата над стружанки, кои ги предводи селекторот на женсниот кошаркарски сениорски тим, Ѓоровиќ, изјави Ведран Белешковски, претседател и тренер на КК „Крива Паланка“.

    Кривопаланечкиот тим настапи со вкупно шест од дванаесет играчи во стартниот состав.

    Во тимот на КК „Крива Паланка“ се ротираат стартерите Вуловиќ, Петровиќ, Алексовска, Стоевска и Ѓоргиевска, а замена на неполни четири минути одигра Додевска.

    Следниот натпревар во Прва лига А жени, КК „Крива Паланка“ го игра следниот викенд, повторно на домашен терен против ЖКК „Пробаскет“ Кавадарци.