×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумани лути на КК Куманово

    13.02.2010 02:54 | KumanovoNews

    Поради незадоволство од работата на управата на  кошаркарскиот клуб Куманово, навивачката група „Кумани“ најави дека ќе го бојкотира и нема да присуствува на денешниот натпревар со Вардар што ќе се игра во Спортската сала.

    Кумани лути на КК Куманово

    На сајтот стои дека навивачите се одлучиле на ваков потег поради тоа што не ја подржуваат работата на клубот и постигнатите резултати со кои не може да се пласира во првата лига, како што очекува спортската јавност во градот.

    Не се во прашање финансиски причини, бидејќи знаеме дека клубот нема доволно пари, туку се работи за постапките на одредени луѓе кои се во управата - стои во известувањето за навивачите.

    За понатамошните чекори на Кумани, и до кога ќе трае бојкотот дополнително ќе биде објавено.

    И.И.