×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец четврти на крос во Ниш

    12.04.2011 13:28 | KumanovoNews

    Аце Јакимовски, атлетичар на атлетскиот клуб „Скок„ од Куманово освои четврто место на Балканското првенство за ветерани во крос, што викендов се одржа во Ниш.

    Кумановец четврти на крос во Ниш

    Јакимовски се натпреваруваше во категоријата до 54 години во конкуренција на натпреварувачи од  Србија, Романија, Турција, Бугарија, Црна Гора, БиХ и Хрватска.

    Од Македонија јас бев единствениот претставник. Имаше вкупно околу 60 натпреварувачи од останатите земји. На трката на 6 км учествуваа 18 атлетичери од мојата категорија (50-54) и од категорија 55-60. Јас го освоив петтото место со резултат 23 минути и 9 секунди, а во своја категорија завршив четврти - вели Јакимовски.

    Јакимовски со атлетика се занимава од минатата година. Досега имам освоено две трети места на Нишкиот полумаратон и на отвореното првенство на Војводина во полумаратон во Апатин.Минатата година учествувал на Скопскиот и Охридски маратон, и се пласирал како најдобар натпреварувач во категоријата над 50 години.