Куманово го совлада Тиват, денеска нов дуел – противник е Ибар од Рожаје

27.01.2021 16:45 | KumanovoNews

КК Куманово оствари важна победа на првото гостување од мини-турнејата во Црна Гора, откако беше поуспешен од екипата на Тиват со 83:90.

Куманово го совлада Тиват, денеска нов дуел – противник е Ибар од Рожаје

Со овој триумф, КК Куманово влезе во најдобрите четири екипи од Група Е, па сега има реални шанси да се бори за следната фаза од БИБЛ лигата. Составот на Игор Ѓорѓиевски го имаше водството во текот на целиот натпревар, благодарејќи на прецизните шутеви од дистанца, односно погодените тројки – 15 од 31 обид.

Најкорисен беше Александар Андрејевиќ со индекс 28, кој оствари „дабл-дабл“ учинок. Србинот имаше 19 поени и 11 скокови. Одлична партија зад себе оставија Дамјан Робев со 18 поени и Отис Ливингстон, кој имаше 16 поени и 6 асистенции.

Нашиот тим денеска со почеток од 17:00 часот, ќе ги одмери силите со втората екипа од оваа држава, Ибар Рожаје. Доколку денеска остварат победа, ќе имаат обезбедена втора фаза без разлика на последниот дуел со тимот на Берое, кој ќе се игра следната недела во Куманово.

(Д.Д)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk