Куманово ја започна сезоната со победа
18.10.2012 06:52
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово издвојуваа победа во вчерашниот натпревар против екипата на Морнар Бар.
Во последните моменти од натпреварот, Костовски ја донесе победата на Куманово, постигнувајки 2 поени за конечен резултат 71:69.
Куманово имаше предност на полувреме од 37:28, но потоа натпреварот влезе во неизвесна завршница.
Натпреварот беше одлучен во самиот финиш, кога на теренот настана вистинска драма и кога на само неколку секунди пред крајот при резултат (69:69) за домашните погоди Костоски за големо славје и првата победа во БИБЛ – лигата.
Најефинасен на натпреварот беше Ивица Димчевски со 26 поени, и Урош Луковиќ со 15 поени и 16 скока, а кај гостите Пајовиќ со 14 и Секуловиќ со 12 поени.