Куманово ја започнува Супер-лигата против Лирија
28.03.2014 09:34
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово во сабота го започнуваат Суперлигашкиот дел од сезоната со гостувањето кај екипата на Лирија.

Екипата на Лирија беше третпопласирана на табелата со 12 победи и 4 пораза. Куманово заврши како четвртопласиран со 9 победи и 7 порази.
Во првилигашкиот дел од сезоната, Лирија издвојуваше две победи над Куманово.
Утрешниот натпревар ќе биде и деби на новиот тренер на Куманово Љубисав Луковиќ, со кого екипата ќе се обиде да заврши меѓу првите четири екипи и да игра Плеј-оф.