Куманово лесно против Пелистер Спорт
10.11.2013 12:22
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово 2009 вчера издвојуваа убедлива победа против екипата на Пелистер Спорт со резултат 55:79.

Изабраниците на Димитријевиќ имаа водство во текот на целиот меч. Новото засилување, Американецот Паран беше лидер на овој меч со постигнати 24 поени и не дозволи изненадување на овој меч во Битола.
Следниот натпревар, Куманово го игра во вторник во рамките од БИБЛ лигата, на домашен терен против екипата на Пеќ.