Куманово обезбеди Фајнл-фор во БИБЛ Лигата
26.03.2013 22:42
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово по победата над црногорскиот Теодо Тиват и се пласираа на завршницата од регионалното балканско натпреварување.

Куманово имаше одличен почеток на натпреварот, водејки со 47-36 на полувреме. Продолжението беше во ист ритам, додека на крајот кумановчани лесно ќе можеа да го прокоцкаат водството. Во последниот период.
Конечен резултат на натпреварот беше 96-90.
Ентони Ли постигна 24 поени и 12 скока, а дабл-дабл постигна и Урош Луковиќ со 18 поени и 12 скока.