Куманово убедливо против Илинден
27.02.2010 13:54
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово во вчерашниот натпревар забележаа убедлива победа против Илинден со резултат 93:74.

Кумановци имаа водство од десетиа поени во текот на целиот натпревар, а за убедливата победа беше заслужен Маневиќ кој постигна две „тројки“ едноподруго во последните минути од натпреварот. Најзабележителен настап во Кумановската екипа имаше Игор Ѓорѓиевски.