Кумановски боксери ќе учествуваат на првенство во Штип
13.06.2013 14:40
| KumanovoNews
Боксери од боксерскиот клуб “Фајтер“ од Куманово, викендов ќе учествуваат на поединечно државно првенство за 2013 година во Штип.
Нашиот клуб ќе настапи со 3 боксери и тоа јуниори Никола Димитриевски 64 кг, Џемо Сакиповски 60 кг и по пауза од 2-3 месеци на рингот повторно ќе се појави капитенот Николче Митевски во категоријата до 75 кг - велат од “Фајтер“.
На првенството ќе учествуваат вкупно 12 екипи.