Кумановски кик боксери со одлични резултати во Охрид
28.10.2014 12:32
| KumanovoNews
На меморијалниот турнир во кик бокс, кој викендов се одржа во Охрид, членовите на кик бокс клубот “Куманово 2006“ постигнаа одлични резултати.

На турнирот победија Стефан Спасовски 65 кг, Емилио Величковиќ 80 кг, Милош Велевски 65 кг, а единствено поразен беше Даниел Стојановски 75 кг.
“Успехот се должи на напорни тренинзи и тимски дух. Посебен белег даде тоа што борбите се одржаа во кафез за прв пат на ваков начин во Македонија“ - вели тренерот Сашо Илиевски.
Илиевски судеше на турнирот.