Кумановските ракометари изгубија од Пелистер
18.11.2019 11:36
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово, во рамките на Машката лига, викендов изгубија од екипата на Прилеп, со резултат од 36:30.

На почетокот од натпреварот, нашите ракометари покажаа добра игра, но со текот на одминувањето на минутите екипата на Прилеп со добар напад и одбрана успеа да победи во првото полувреме, каде водеше со шест гола разлика.
Во второто полувреме, противничкиот тим успеа да достигне разлика и од 10 гола, за на крајот да извојува победа.
РК Куманово моментално се наоѓа на 4-тото место на табелата, а во моментот на првото место се наоѓа екипата на Астарион.