Kумановските ракометарки шампионки во есенскиот дел од Супер лигата

09.12.2019 18:54 | KumanovoNews

 Ракометарките на Куманово, во рамките на есенската сезона од Првата женска лига останаа на врвот на табелата со дванаесетта по ред победа против екипата на Спартак. Натпреварот заврши со резултат 46:17.

Kумановските ракометарки шампионки во есенскиот дел од Супер лигата

Во првото полувреме ЖРК Куманово започна со водство од 7:1, за првото полувреме да го заврши со резултат 20:6, во второто полувреме нашите ракометарки беа постојано во водство со минимум 15 гола, со што крајот од натпреварот го завршија со разлика од 29 гола.

Постигнати голови на Куманово:Глигоријадис 9, Шарановиќ 6, Боризовска 6, Трајковиќ 5, Марковиќ 4, Ивановска 4,  Чокели 3, Гичевска 3, Кипријановска 2,  Радевска 2, Пецанова 2.




2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk