Кумановските средношколци со 16 медали на “Гимназијада 2014“
12.05.2014 08:04
| KumanovoNews
Средношколците од Куманово беа меѓу најдобрите на републичкиот спортски натпревар “Гимназијада 2014“, кој викендов се оддржа во Охрид.

Три златни, 7 сребрени и 2 бронзени медали освоија кумановските атлетичари на гимназијадата.
Второ место во футсал освои машката екипа од Гимназија “Гоце Делчев“, второ место во футсал зема и женската екипа од “Перо Наков“, трети во кошарка се машката екипа од “Перо Наков“ и трета во ракомет е женската екипа од “Гоце Делчев“.