Л'Екип: Болт е најдобриот спортист на светот во 2009
Јамајканскиот алтетичар Усеин Болт денеска втор пат по ред е прогласен за надобар спортист на светот во изборот на францускиот спортски дневник Л'Екип.
                  Болт оваа година е освоил три титули на светскиот првак и сруши два светски рекорди - на 100(9,58) и на 200 метри(19,19). Второто место му припадна на швајцарскиот тенисер Рожер Федерер кои добил двојно помалку гласови од Болт, а трет е италијанскиот моторциклист Валентино Роси.
Очекувам да го срушам рекордот кој го држат Карл Луис, Михаел Шумахер и Федерер кои по три пати до сега беа победници. Убеден сум дека ме очекуваат уште многу убави и успешни години - изјави Болт
Листа на десетте најдобри спортисти во изборот на Л'Екип
- Усеин Болт (Јамајка - атлетика) - 1,289 бода
 - Рожер Федерер (Швајцарија - тенис) - 568
 - Валентино Роси (Италија, моторциклизам) - 296
 - ФК Барселона (Шпанија) - 295
 - Себастијан Леб (Франција, рели) - 248
 - Леонел Меси (Аргентина, фудбал) - 205
 - Машката ракометна репрезентација на Франција - 165
 - Мајкл Фелпс (САД, пливање) - 134
 - Мани Пакијао (Филипини, бокс) - 119
 - Кенениша Бекеле (Етиопија, атлетика) - 76
 


                  
                  
                  
                  
                  
                  



