Меѓународен куп во падобранство на Аџитепе

08.05.2010 18:16 | KumanovoNews

Аеро клубот „Доне Божинов“ од Куманово викендов е  домаќин на Меѓународниот куп во падобранство што се одржува на спортскиот аеродром Аџитепе. 25 падобранци од седум екипи од Македонија, Србија и Црна Гора се натпреваруваат во две дисциплини, скокови на цел и скок од 4000 метри.

Меѓународен куп во падобранство на Аџитепе

„За прв пат организираме натпревар од меѓународен карактер и се надеваме дека во иднина ќе стане традиционален, помасовен. Нашата цел е повторно да го актуелизираме овој спорт во Македонија и нашите падобранци да ги покажат своите вештини, како некогаш во поранешна Југославија, кога добивавме престижни награди и признанија“ - вели Часлав Спасовски, управител на Аеро клубот „Доне Божинов“ од Куманово.

На утрешниот финален натпревар тројцата најдобри падобранците ќе се закитат со медали, а до сега екипата на Куманово се покажала како најуспешна.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk