„Михајловски“ игра на домашен терен против Бест
28.03.2015 14:04
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Михајловски во недела го игра натпреварот од 15.коло против тимот на Бест.

Серијата тешки натпревари на нашиот Второлигаш поминаа, така да тимот ќе се обиде утре во Спортската сала да се врати на победничките патеки. Тимот на Бест се наоѓа на седмата позиција на таблата со шести победи и исто толку порази, додека Михајловски имаат пет победи и осум порази.
Натпреварот се игра во недела, во Спортката сала во 17:30.