„Михајловски“ во недела играат против Дино Баскет
11.12.2015 14:50
| KumanovoNews
Кошаркарите на „Михајловски“ го играат последниот натпревар на домашен терен за оваа полусезона, против екипата од Кочани, Дино Баскет.

Натпреварот се игра во рамките на деветото коло од Третата лига. Михајловски и Дино Баскет се на делба на четвртата позиција со по осум бода.
Натпреварот се игра во недела во Спортската сала во Куманово со поечток во 13:30