На градскиот базен се одржа Новогодишен пливачки маратон
23.12.2017 17:55
| KumanovoNews
Околу 80 медали во разни дисциплини освоија најдобрите учесници на Новогодишниот пливачки маратон, кој денеска се одржа на затворениот базен во Куманово.
„Целта на манифестацијата е омасовување на пливањето во нашата општина и користење на благодетите и условите што ни ги нуди градскиот базен.Дечињата се поделени во 7 категории, по одделенија категоризирано во Пливачката федерација на РМ. Најмалите се на 6 години па се до највозрасната категорија од 18 години“,- изјави Александар Спирковски, пливачки клуб Делфин.
За најуспешните 80 се поделени медали, а за сите останати учесници пофалници.
Натпреварувањето го организираат пливачките клубови Делфин, Аква, Тумба и Немо.