На скопскиот маратон најдобриот јуниор и ветеран од Куманово
Тројца атлетичари од атлетскиот клуб „Скок„, остварија извонредни резултати на Меѓународниот маратон што викендов се одржа во Скопје.
На 21 километарската полумаратонската трка, Милош Ранчиќ (18) беше најбрз во јуниорска конкуренција. На трката од 5км. Кира Стојановски го освои трето место во севкупна конкуренција, а беше и најдобар од ветераните, додека Аце Јакимовски беше најбрз од атлетичерите-ветерани.
Со оглед на нивното неискуство и недоволно подготвување за овогодишниот маратон оваа година сме задоволни со ваквиот успех на нашите атлетичари - изјави Филип Колевски тренерот од атлетскиот клуб Скок .
Овогодинешниот маратон беше и Балканско првенство во маратон, кој е лиценциран во календарот на Европската Атлетска Федерација. Оваа година имаше голема конкуренција со повеќе атлетичари од другите земји, меѓу нив и кениски атлетичари.