×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо боксирање, тепање со столчиња

    16.04.2011 18:01 | KumanovoNews

    Пролетната боксерската лига во Македонија започна неславно. Наместо спортска и фер борба, првото коло во Шуто Оризари беше прекинато поради дивеењето на домашната публиката која сакаше да се пресмета со гостите, кои беа подобри од домашните играчи.

    Наместо боксирање, тепање со столчиња

    Домаќин на првото коло беше БК ,,Тернипе,, во Шуто Оризаре. Од Куманово боксерскиот клуб „Фајтер„ требаше да се натпреварува со шест боксери, а петмина немаа противници.

     Според нашите учесниците, инцидентите започнале кога публиката и домашниот боксер Мендо Џеладини сакале да го испровоцираат капитенот на „Фајтер„ Николче Митевски со дофрлување и недолично однесување на рингот. Откако тоа не им успеало, а по прогласувањето на победата, кумановецот  бил нападнат од навивачите на патот кон соблекувалната. Насилниците успејале да влезат во соблекувалната, но за среќа не ја оствариле намерата, бидејќи на време реагирал тренерот, домашниот боксер и полицијата. Потоа следувал уште еден обид на мечот помеѓу Синан Џељадини и  Бесарт Гетали во категорија до 75 кг. Незадоволен од играта на домашниот Џељадини, еден навивач удирал на масата на судиите, а друга толпа од педесетина навивачи се обидувале давлезат на рингот и да се пресметаат со Бесарт. При тоа настанала општа тепачка, се фрлале столчиња и се кршеле стакла. Боксерите, судиите и тренерите  се затвориле во соблекувалните. Интервенирала полицијата и специјалната едниница „Алфи„.

    Првото коло е прекинато и се очекуваат казни од страна на Федерацијата до организаторот БК,, Тернипе,, од Шуто Оризаре.

    Пред прекинот на натпреварувањето нашит боксер Џемали Садиковски, извојувал победа од 1-0 над Горјан Србиновски од БК,,Бранител,,, додека  Емин Османи загубил од Алили Арбини од БК,, Шкупи,,.