Ненад Краљевски старо-нов тренер на ЖРК Куманово

29.01.2020 22:29 | KumanovoNews

Ненад Краљевски повторно ќе го предводи кумановските ракометарки, по само шест месеци пауза.  Со него ЖРК Куманово го освои на купот на Македонија минатата сезона.

Ненад Краљевски старо-нов тренер на ЖРК Куманово

- Чест и задоволство ни е да ви го претставиме новиот тренер на нашиот тим. Се надеваме на големи успеси во иднина и остварување на целата на клубот со помош на Ненад ,- велат од ЖРК Куманово.

Ненад Краљевски во тренерските води  е од  1994 година, со огромно искуство и знаење. Тој  бил тренер на РК Црвена Звезда во период од 2004 до 2008 година, каде ја освојува и последната титула на екипата, настапува во Лигата на Шампионите на ЕХФ. Тренер на Мојковац, Прибој, Железничар, Слога, Јуниор, потоа на кадетската репрезентација на Србија, тренер на кадетската репрезнтација на Црна Гора, тренер на женската репрезентација на Шри Ланка, освојувач на купот на Македонија со нашиот тим минатата сезона.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk