×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова голема трампа во НБА

    11.01.2011 16:18 | KumanovoNews

    Последните неколку дена во медиумите и НБА постојат шпекулации и голем број на математики околу новата голема трампа во која се вклучени три екипи и очигледно највеќе ќе профитира Њу Џерси. Во центар на внимание е ѕвездата на Денвер, Кармело Ентони.

    Нова голема трампа во НБА

    На најдобриот играч на Нагетси, оваа година му истекува договорот, а управата на клубот се плаши дека до крајот на сезоната нема да стави потпис на нов. Уште на почетокот на сезоната изјави дека сака да биде трампан во родниот град Њу Јорк, да игра со други ѕвезди и плата од 65 милиони долари. По доаѓањето на Стадемаер во Њу Јорк сите го видоа Ентони во дресот на Никси, но тоа веројатно нема да се случи бидејки веојатно место на Менхетен, Ентони завршува во Бруклин.

    Со него во пакет оди и плеј-мејкерот Чонси Билапс, а од Рик Хамилтон кој би го напуштил Детроит и повторно би заиграл со Билапс, играч со кој освоија НБА трофеј.

    Како освен овие троица, во Њу Џерси би пристигнале Трико Вајт од Детроит и Шелден Вилијамс и Ентони Картер од Детроит.

    Од Њу Џерси би си заминале Дерек Фејворс, Девин Херис, Ентони Мороу, Бен Узо, Стивен Греем и Квинтон Рос неколкуте следни избори на драфтот во Денвер, а Детроит би ги добил Трој Марфи и Јохан Петро.

    Според познавачите во НБА сите три екипи би ги задоволиле своите цели. Њу Џерси добива суперѕвезда и конкурентен тим, иако Чонси Билапс најавува дека сака да ја заврши кариерета во родниот Денвер, па по завршување на сезоната би побарал раскинување на договорот. Сепак и Крис Пол станува слободен играч следната сезона па би можело да се очекува негово преселување во Бруклин. Детроит се ослободува од Рик Хамилтон кој зафаќа голем простор во селари капот на тимот, а Денвер добива поранешен ол-стар плејмејкер и одличен дебитант во тимот.

    После големата преселба во Мајами на Џејмс и Бош, трејдот меѓу Феникс, Вашингтон и Орландо ова е трета голема трампа во НБА оваа сезона.